Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи му се заблагодари на Маркоски за соработката и го ослободи за трансфер

Објавено

на

Кире Маркоски до денеска беше дел од лидерот на табелата во Првата македонска фудбалска лига, но како што стојат работите, многу веројатно е дека поранешниот македонски младински репрезентативец ќе се бори за титулата играјќи за друг ривал.

Шкупи преку официјално соопштение му се заблагодари на Маркоски и потври дека дошло до спогодбена разделба со фудбалерот, кој сега како слободен фудбалер е отворен за трансфер.

Маркоски изминатово лето пристигна во Чаир и потпиша едногодишен договор, но по шест месеци, двете страни се согласија за прекин на соработката и предвремен раскин на договорот.

Крилниот напаѓач постигна два гола во првиот дел од сезоната, но вториот најверојатно ќе го игра во еден од директните ривали на Шкупи за титулата.

Маркоски е блиску до преселба во редовите на Шкендија, тим кој како актуелен македонски првак ќе се обиде да направи пресврт на табелата во вториот дел од сезоната.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни