Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи лесно се справи со Воска и го презема врвот, Шкендија со „минималец“ го освои Ѓорче Петров

Објавено

на

Самиот старт на вториот дел од сезоната во Првата македонска фудаблска лига донесе и промена на врвот на табелата, а причина за тоа се резултатите од денешните попладневни натпревари.

Работнички успеа да го сопре шампионот Струга и ремито без голови беше најдобра вест за Шкупи и Шкендија, тимови кои отворија со победи на стартот на пролетниот дел од сезоната.

Шкупи ја оправда фаворитската улога и лесно се справи со Воска Спорт, славејќи на домашен терен со убедливи 3:0. Аворнио го отвори резултатот во четвртата минута и почетната иницијатива беше крунисана со гол, а до крајот на првиот дел предноста ја зголеми Трапановски.

Во вториот дел, Аворнио со вториот гол ја потврди победата и донесе рутински три бода за чаирчани, кои од денеска се лидери на табелата со еден бод предност пред Струга.

Натпревар во македонската престолнина играше и Шкендија, а тетовските „црвено-црни“ го освоија Ѓорче Петров со гол од 11 метри. Како клучен се покажа пеналот во 29-та минута, а прецизен реализатор на истиот беше Тотре.

На останатите два меча, Брегалница со пресврт го победи Тиквеш со 2:1, додека Брера Струмица со гол во самата завршнија го победи Силекс во Кратово (0:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни