Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи ја освои Струмица и дојде до лидерската позиција во ПМФЛ

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи славеа над Беласица со 2-0 во првата средба од третото коло во Првата македонска фудбалска лига.

Составот од Чаир се избори за триумф на гостувањето во Струмица во самиот финиш и тоа благодарение на погодоците на африканецот Дембо Дарбое. Тој прво во 89 минута успешно го реализираше ударот од 11 метри за да во судиското продолжение даде уште еден погодок за потврда на победата на скопскиот тим.

Шкупи најмалку до утре ќе биде лидер во домашниот шампионатот со седум освоени бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни