Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи испушти победа во продолжението, Работнички убедлив со Скопје

Објавено

на

Фудбалерите на Шкупи направија пресврт против Академија Пандев, имаа водство до 91. минута, но струмичани се погрижија за израмнување и освојување важен бод на оваа средба.

Цефас донесе водство за Шкупи во 12. минута, Крстевски и Руфати до 36. минута направија пресврт за Академија Пандев, но до крајот на полувремето се случи уште еден резултатски пресврт.

Шкупи израмни со голот на Данфа, а Хамиди во судиското надополнување донесе водство од 3:2. Тој резултат беше актуелен до надополнувањето на вториот дел, кога „пандевци“ израмнија и ги поставија конечните 3:3 преку Трајков.

Работнички немаше проблеми со Скопје и го доби натпреварот со 4:0, а херој во победата беше Велковски со хет-трик на оваа средба. Последниот гол на средбата го постигнал Биала.

По денешното реми, Шкупи остана на второто место на табелата, со бод помалку од лидерот Струга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни