Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го претстави поранешниот најскап играч во Македонија: Ја напаѓаме титулата! (Фото)

Објавено

на

Два дена по големото разочарување во Европа, Шкупи излезе со ново официјално соопштение за големо засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона, во која составот од Чаир и дефинитивно ќе го нападне трофејот во домашното првенство, нешто за што се подготвува во изминативе две години.

Шкупи ова попладне и обелодени на јавноста дека македонскиопт репрезентативец Марјан Радески ставил потпис на двегодишен договор со клубот од главниот град, по што офанзивниот фудбалер и дефинитивно става крај на својата авантура во Академија Пандев.

Радески ужива навистина голема почит во македонската фудбалска јавност и важи за еден од најдобрите играчи во нашата лига, а своевремено во 2015-та година, го изрежира и најскапиот трансфер во Македонија кога Шкендија плати 150 илјади евра за неговите услуги.

– За мене ќе претставува огромна чест да играм за тим како Шкупи. Секој фудбалер сака да биде дел од амбициозен тим, тим кој ќе ја нападне титулата и кој ќе се бори да стане шампион.

– Се надевам дека ќе им помогнам на моите нови соиграчи, заедно да ја оствариме зацртаната цел во новата сезона, а тоа дефинитивно е првото место. Ќе го дадам најдоброто од себе за успеси на тимот, – изјави Радески на промоцијата во Шкупи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни