Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го претстави и деветтото засилување во овој преоден рок

Објавено

на

Составот на Шкупи продолжува да ги засилува своите редови во пресрет на натпреварувачката 2021/2022, а најновото засилување е Александар Ѓурковски.

Младинскиот репрезентативец на Македонија е деветтото ново име во Чаир во овој летен преоден клуб, клуб во кој доаѓа од Вардар.

-Прво сакам да и се заблагодарам на управата и тренерот Гоце Седлоски за довербата и дадената можност да бидам дел од Шкупи. Знам дека многу се очекува во Шкупи како во домашното првенство така и на меѓународната сцена. Токму тоа беше причината што решив да потпишам. Очекувам брзо да се приспособам и ќе работам напорно за да ги оправдам очекувањата, -порача Ѓурковски кој ќе биде во комбинација за настап за дуелот против Лапи во Конференциската лига на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни