Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го освои „Боро Чурлевски“ и му нанесе непријатен пораз на Пелистер

Објавено

на

Денешниот ден очигледно се покажа како далеку поуспешен за гостинските екипи во Првата кошаркаска лига, па така по победите на Кожув и Чаир, со голем триумф од Битола се враќа и тимот на Шкупи.

Гостите од Скопје приредија сензација на гостувањето кај Пелистер и успеаја да му го нанесат вториот сезонски пораз на фаворитот, кој сега е дури четврти на табелата.

Пелистер претрпе прв пораз во својата сала „Боро Чурлевски“ во натпревар во кој успеа да се врати и од „минус десет“, но сепак во завршницата немаше доволно сили за да комплетира целосен пресврт.

Првиот дел беше сосема изедначен и заврши со резултат 45:45, додека Шкупи заигра многу подобро и поангажирано во третата четвртина, што направи да има и плус десет во последната .

Пелистер со завршен налет успеа да израмни на 86:86, но потоа следеа четири поени во низа за гостите за конечна победа од 86:90.

Жаке од Шкупи постигна 26 поени, три помалку реализираше Стојановски во победничкиот тим, додека најефикасен кај поразениот беше Брајан Антоан со 26 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни