Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи го испрати младиот Ансах на позајмица во Турција

Објавено

на

Македонските прволигаши се во завршна фаза од подготовките за вториот дел од сезоната, а тоа автоматски значи и прецизирање на составите со кои ќе излезат на мегдан оваа пролет.

Шкупи донесе неколку фудбалери во зимскиот преоден рок и ќе атакува на шампионската титула, но големиот број на играчи остави простор на младите да се докажуваат на друго место.

Тимот од Чари моментално се уште е во Анталија и полека се подготвува за враќањето во Скопје, но посетата во Турција ја искористи за да договори трансфер на младиот фудбалер Ансах Клемент.

– Нашиот тим е на крајот од подготвителната фаза која ја спроведува во Анталија, Турција.. Во оваа прилика сакаме да објавиме дека нашиот нов фудбалер Ансах Клемент го позајмивме на тимот на Чорум Спор кој се натпреварува во турската Втора лига.

– Периодот на заем е само за оваа сезона, Ансах ќе се приклучи на нашиот тим следната сезона. На Ансах му посакуваме успех во овој период, а на Чорум Спор му благодариме на соработката.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни