Македонија
Шкупи го доби дербито со Шкендија, Струга со супер пресврт во Кавадарци

Во големото дерби на 17-то коло кое се играше во Чаир, Шкупи успеа да слави тешка, но слатка победа над Шкендија, па со самото тоа се осамостои на врвот на табелата во Првата македонска фудаблска лига.
„Сино-белите“ имаа повеќе нерви во рововската битка која се водеше во Скопје, а како клучен момент се покажа оној во 37-та минута кога Трапановски постигна одличен гол по еден пробив од левата страна.
Погодокот од првиот дел се покажа како одлучувачки на тврдиот меч во кој се водеше голема борба на средината на теренот, а со овие три бода Шкупи отиде на 35 како осамен на првото место.
Второпласирана од денеска е Струга која мораше да се изнамачи за да освои три бода, или поточно направи супер пресврт во Кавадарци откако губеше со 2:0.
Актуелниот шампион успеа да се врати и со три гола ја однесе победата, пред се благодарение на Радески кој постигна два гола, како и на Георгиевски кој постигна еврогол за 2:3.
Гоце Седлоски денеска ја запиша првата победа како тренер на Работнички, бидејќи неговите „романтичари“ беа подобри од Брера Струмица со 1:0. На останатите два терени кадешто се играше фудбал, Брегалница и Воска ремизираа 2:2, а Силекс и Гостивар одиграа 1:1.
-
Шпанија20 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
НБА16 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
АТП19 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)
-
Англија19 часа
Аморим ја објасни разделбата со Рашфорд: Не гледаме на фудбалот на ист начин
-
НБА19 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари
-
Англија18 часа
Ливерпул убедлив, Ван Дајк критикува: Требаше да играме подобро
-
Балкан14 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Формула 115 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали