Поврзете се со нас

Лига Европа

Шкупи ги дозна двата потенцијални ривали за плејоф рундата во ЛЕ (Фото)

Објавено

на

Шкупи доживеа елиминација во втората рунда од квалификациите за Лигата на шампионите, но тоа не значење крај на европското лето, бидејќи чаирчани продолжуваат во второто по ранг европско натпреварување.

Македонскиот првак продолжува во третото коло во Лигата на Европа, во кое веќе познато е дека ќе игра против ирскиот претставник Шамрок. Тие натпревари се играат овој и наредниот четврток, а Шкупи денеска ги дозна и потенцијалните ривали во плејоф рундата за влез во групната фаза.

Шкупи се очекува да има сериозен тест против Шамрок Роверс, но доколку успее да го мине истиот, го дели само уште еден чекор од влез во групната фаза.

Таму ќе игра со поразениот од дуелот меѓу Карарбах и Ференцварош, дуел кој е дел од рамките од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Првите плејоф натпревари во Лигата на Европа се играат на 18-ти август, додека реваншите ќе се играат на 25-ти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни