Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи доби зелено светло и го претстави напаѓачот од Гана

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkupi1927

Шкупи останува активен на трансфер пазарот и во завршната фаза од месец септември, бидејќи клубот од Чаир почувстува потреба да го засили ростерот и да има нова опција во офанзивниот дел.

„Чаирчани“ денеска излегоа со соопштение и обелоденија дека е ангажиран играч од Гана, младиот и талентиран 21-годишен Исах Кука кој досега кариерата ја градел во родната Гана.

Само за напомена, неговиот потпис беше договорен во последниот ден од летниот преоден рок, но откако доби административна дозвола за трансфер, сега го одработи и првиот тренинг.

– Несомнено, многу сум задоволен што успеав да бидам дел од голем тим во Македонија. Видов дека Шкупи низ сезоните има највисоки амбиции, тука сум да играм добр и да му помогнам на тимот.

– Ги чекам првите минути за да дебитирам со тимот и со нетрпение очекувам да постигнам гол бидејќи тоа е моја работа. Сакам да се заблагодарам на сите кои ме пречекаа добро во клубот, од соиграчите до персоналот. Едвај чекам да заиграм пред нашите навивачи, – изјави Кука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни