Поврзете се со нас

Италија

Шкриниар се договорил со новиот клуб, Интер се уште шанса да заработи со негова продажба

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Интер дефинитивно ќе остане без услугите на еден од своите најдобри играчи, дефанзивецот Милан Шкриниар.

Шкриниар одби да ја продолжи соработката со калчолигашот и според најновите вести веќе го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариера. Секогаш добро информираниот италијански новинар, Фабрицио Романо известува дека Словакот веќе потпишал за Пари Сен Жермен, односно „светците“ излегле како победини од трката со англиските клубови.

Тој како слободен играч треба да заврши во Париз од наредната сезона, ама според Романо постои простор дефанзивецот и многу побрзо да слета на „Паркот на Принцовите“, ама тоа зависи од Интер.

ПСЖ сакал да се разбере со Интер во овој преоден рок, меѓутоа „нероаѕурите“ бараат 20 милиони евра да се реализира зделката што е неприфатливо за францускиот прволигаш. Разговорите ќе продолжат се со цел да се најде решение, а ако до истото не дојде тогаш 27-годишниот Милан по крајот на сезоната како слободен играч ќе заврши во Франција, додека пак Интер ќе остане без никакво трансфер обештетување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни