Поврзете се со нас

Франција

Шкриниар по неубедливата сезона во ПСЖ: Не жалам за мојата одлука

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Милан Шкриниар минатото лето се пресели од Интер во ПСЖ, но првата сезона не помина онака како што посакуваше тој и неговиот нов клуб.

Словачкиот репрезентативец имаше проблеми со повреди, а добиваше посакувана минутажа од тренерот Луис Енрике дури во финишот на сезоната.

– Требаше да паузирам повеќе од четири месеци, но се вратив порано. Јасно е дека во следниот дел од сезоната можеше да биде и подобро за мене, но има голема конкуренција во тимот.

– Секогаш кога му бев потребен на тренерот, бев тука, без разлика дали се работи за пет или десет минути. Среќен сум што играв на крајот на сезоната.

– Не посветувам внимание на шпекулациите дека ќе заминам по една сезона, иако дури и најблиските ме прашуваат. Досега никој од клубот, ниту пак од стручниот штаб не ми порачал дека треба да барам нова средина. Никогаш не зажалив што го направив овој потег, се работи за одличен клуб и трите нови трофеи ја збогатија мојата колекција, – изјавил Шкриниар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни