Лига на шампиони
Шкриниар: Добро знам како треба да се игра против Милан

Милан и ПСЖ вечерва одново ќе ги одмерат силите во реванш дербито во групната фаза во Лигата на шампионите, натпревар на кој „росонерите“ ќе бркаат прва победа и први три бода.
ПСЖ славеше на средбата во Париз пред две недели со убедливи 3:0 и со голема самодоверба допатува во Италија, а причина плус за максимална верба во себе има Милан Шкриниар кој добро го познава теренот на кој ќе истрча оваа вечер.
Поранешниот стопер на Интер водеше жестоки битки со „росонерите“ на стадионот во Милано, па смета дека тој може да им помогне на соиграчите да се ослободат од притисокот кој ќе го има на стартот.
– Добро знам како е да се игра тука и знам како да се соочам со овој противник. Сум играл тука и како гостински играч, бев дел од многу дерби пресметки и секогаш најважно е да останете фокусирани.
– Знаев дека нема да ми биде лесно со промената која ја направив со ПСЖ, но среќен сум и имам голема самодоверба. Ми се допаѓа стилот на игра на Луис Енрике, има многу енергија и висок пресинг, планот е тоа да го повториме и против Милан, – изјави Шкриниар.
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча