Поврзете се со нас

Италија

Шкриниар беше запрашан за иднината во Интер по заминувањето на Конте: Во контакт сум со Инѕаги

Објавено

на

Словачкиот стопер, Милан Шкриниар се поврзуваше со заминување од редовите на Интер во летниот преоден рок откако Антонио Конте си замина од кормилото на клубот. Интерес за фудбалерот кој изгради одлично име на „Меаца“имаше од таборот на Тотенхем кој се уште мака мачи да пронајде нов тренер.

По натпреварот кој Словачка го загуби од Шведска, Шкриниар меѓу другото беше запрашан и за иднината во Интер под водство на новиот стратег, Симоне Инѕаги. На ова прашање стоперот додаде дека е во контакт со новиот тренер и најави дека ќе остане во Интер и следната сезона.

– Инѕаги ми прати порака по голот против Полска, но ми пишуваше и претходно. Ние сме во постојан кнтакт. Јас сум среќен што фановите на Интер ме поддржуваат и сакам да им се заблагодарам. Сигурно останувам во Интер, -изјави Шкриниар откако беше запрашан дали ќе си оди од клубот во летниот преоден рок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни