Свет
Шкотските медиуми открија колку изнесува трансферот на Миовски, менаџерот на Абердин воодушевен од Македонецот

Поради големиот потенцијал и добрите партии во Унгарија, повеќе од јасно беше дека Бојан Миовски нема да продолжи во МТК Будимпешта, а вчера пристигна официјална потврда за негов трансфер на Островот.
Шкотскиот фудбалски великан ги договори условите со македонскиот репрезентативец и го осигура со четиригодишен договор, а тоа значи дека младиот напаѓач кој денеска полни 23 години ќе ги брани боите на клубот во кој се „роди“ еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот.
Абердин е симбол за неповторливиот Сер Алекс Фергусон, кој пред да направи историја во Манчестер Јунајтед, освои три од четирите шампионски титули во историјата на матичниот клуб.
Миовски сега станува дел од историјата на овој клуб, а шкотските медиуми откриваат дека Абердин издвоил 500 илјади фунти за реализација на трансферот на талентираниот фудбалер.
– Го имавме Бојан на око неколку месеци и победивме во тесна конкуренција да го добиеме неговиот потпис. Тој е напаѓач со сите клучни квалитети за успех во Шкотска. Има брзина, сила, фантастично движење и влегува во голем број шанси. Тој е профил на напаѓач како што барав, полни 23 години и е стандарден за македонската репрезентација која немаше среќа да се пласира на СП, – вели менаџерот на Абердин, Џим Гудвин.
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Репрезентацијапред 14 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал