Европски првенства
Шкотска ја урна Шпанија, Хрватска ја освои Бурса (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Шкотска направи изненадување и ја совлада Шпанија со 2-0 во средбата од групата А во квалификациите за Европското првенство.
Шпанците беа непрепознатливи на оваа средба, односно може да се каже дека Шкотлаѓаните дојдоа и до рутински триумф со оглед на тоа колку безопасни беа избраниците на Де Ла Фуенте.
Играч на натпреварот беше членот на Манчестер Јунајтед, МекТоминеј кој ги постигна двата гола. Првиот го даде во 7 минута, додека вториот го реализираше во 51 минута.
Хрватска пак во Бурса ја реши домашната Турција со 2-0. По киксот со Велс, четата на Далиќ покажа зошто на последните два мундијали освојуваше медали, па дојде до славје со головите во првиот дел на Ковачиќ.
На другите дуели Косово не најде начин да ја совлада Андора (1-1), Романија беше подобра од Белорусија (2-1), Швајцарија од Израел (3-0), додека пак Мур донесе славје за Велс против Летонија.
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 20 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 22 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
АТПпред 10 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Англијапред 23 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 10 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето