Поврзете се со нас

Европски првенства

Шкотите не се плашат од Германија: Тоа ќе биде клучот за добар резултат

Објавено

на

foto: x.com/ScotlandNT

Вечерва се отвара 17. Европско првенство и тоа со средбата во Минхен каде домаќиниот Германија ќе ја пречека селекцијата на Шкотска.

Иако Германците се далеку од своите најдобри времиња, времињата во кои беа страв и трепет за секој противник тие сепак важат за апсолутни фаворите на „Алијанц Арена“, но Шкотите не се дојдени со бело знаме и ќе се обидат со своја игра да дојдат до позитивен резултат.

Енди Робертсон е свесен дека домаќинот ќе ја има топката во своите нозе, меѓутоа верува дека тие соодветно ќе одговорат, а и дека ќе имаат шанси кои ќе мора да ги искористат ако сакаат да го шокираат германскиот состав.

-Ако можеме да го направиме тоа, се надеваме дека тоа е клучот за постигнување резултат. Веруваме дека можеме да го направиме тоа и наше е тоа да го покажеме, -вели Енди кој се надева дека ова е токму таа генерација на Шкотска која конечно ќе ја мине групната фаза на големо натпреварување.

-Не сакаме да жалиме овој пат. Веруваме дека сме тим кој може да креира историја, -порача ѕвездата на Ливерпул.

Вечерашната средба започнува во 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни