Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија со пресврт до победа, Вардар сигурен против Беласица

Објавено

на

Седмото коло на Првата македонска фудбалска лига е заокружено со пет натпревари на кои немаше ниту еден нерешен резултат.

Лидерот Шкендија направи пресврт на гостувањето кај Пелистер (1:3), каде иако битолчани брзо поведоа, до крајот примија три погодоци. Ахмеди, Дориев и Ибраими ги обезбедија важните бодови за гостите од Тетово.

Струга Трим Лум го победи Шкупи со 2:0 и тоа со два гола на Лена, додека Вардар славеше против фенерџијата Беласица со 3:1.

Мирчевски, Петровиќ и Петковски ги постигнаа головите за актуелниот шампион, кој стигна до третата победа сезонава и се израмни со градскиот ривал Работнички.

Македонија Ѓорче Петров ја совлада Ренова како гостин со 3:1 и тоа со головите на Петров, Емини и Воша, а Академија Пандев со минимални 1:0 го доби натпреварот против Силекс и тоа со голот на Маркоски од пенал.

По седум рунди, Шкендија води со 17 бодови, а следуваат Шкупи и Македонија ЃП со по 13 бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни