Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија со два гола на Адеми ја освои Струмица

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/fcshkendija

Со натпреварот во Струмица меѓу Брера и Шкендија беше заокружено третото коло во Првата македонска фудбалска лига, натпревар на кој видовме славје на гостите од Тетово благодарение на херојот Адеми.

Тетовчани остануваат непоразени на стартот на сезоната и прикажуваат дел од шампионските амбиции, додека Брера го претрпе вториот пораз во низа по стартното славје над Вардар.

Херој за „црвен0-црните“ од Тетово денеска беше Фитон Адеми кој беше стрелец на двата погодоци во првата половина од второто полувреме, што беше доволно да се осигура победата.

Шкендија на овој начин ја презема лидерската позиција во Првата македонска фудбалска лига, со учинок од две победи и едно реми на стартот.

Седум бода има освоено и Гостивар, но и Работнички кој денеска оствари победа над шампионот Струга.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни