Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија славеше во Струмица, нов пораз за Работнички

Објавено

на

Фудбалерите на Шкендија издвојуваа победа над Академија Пандев (1-0) во дерби средбата од денешната програма во првата македонска лига.

Клубот од Тетово се избори за три бода во Струмица и тоа со погодокот кој Шаља го постигна во 75. минута од средбата. Ова воедно беше единствениот дуел на кој немаше црвени картон, односно на останатите пресметки доста работа имаа главните арбитри.

Струга ТЉ беше подобра од Работнички со 2-1 во меч во кој паднаа три црвени картони. Ова за „романтичарите“ е трет пораз во новата сезона со што е запален алармот во редовите на составот од Дебар Маало.

Бурно беше и во Кавадарди каде Тиквеш и Брегалница ги подели бодовите (две црвени) играјќи 1-1, додека Силекс го доби Скопје со 3-1 (три црвени картони).

Да потсетиме вчера Македонија Ѓорче Петров оствари рутински триумф над Победа од 4-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни