Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се засили со напаѓач од Брегот на Слоновата Коска

Објавено

на

Шкендија неодамна го дозна својот противник и евентуалниот противник во второто коло од квалификациите за Конференциската лига, а раководството се обидува да доведе квалитетни засилувања за сезоната во која тетовци ќе имаат поголеми амбиции.

Денеска како нов член на Шкендија е претставен Дауда Бамба, 29-годишен напаѓач од Брегот на Слоновата Коска, кој зад себе има навистина голем број постигнати голови во неколку европски шампионати и сериозно искуство во истите.

Бамба ги минал лекарските прегледи и потпишал двегодишен договор со тетовскиот прволигаш.

Напаѓачот доаѓа од турскиот клуб Умранијеспор каде договорот му истекува на крајот на месецот, во Турција има настапувано и за Алтај, а во соседството го носеше дресот на ЦСКА Софија.

Најдобрите моменти во кариерата, Бамба ги имаше во Норвешка, каде го носеше дресот на Консвингер, Бран и Кристијансунд и забележа речиси 200 настапи со над 70 постигнати голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни