Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се засили со играчот кој минатата година го продаде на украински Динамо

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Решат Рамадани пред една година го режираше најважниот трансфер во својата кариера и се пресели во украинскиот великан Динамо Киев, но 12 месеци подоцна, младинскиот репрезентативец се враќа во Тетово.

Шкендија денеска ексклузивно објави дека Решат ќе дојде како огромно засилување за првиот тим до крајот на сезоната, се со цел да се врати шампионската титула во Тетово.

Рамадани ќе игра како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, по што дефанзивниот играч за врска повторно ќе му се стави на располагање на Динамо.

Зделката меѓу двата клуба доаѓа по неодамнешната контролка која ја имаа во Анталија, а кој изненадувачки заврши со резултат 1:1.

Во официјалното сооштение, Шкендија му се заблагодарува на Динамо за укажаната желба за соработка, додека на Решат му посака многу среќа во обидот да продолжи со развој на својата кариера.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни