Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се раздели со еден од најдобрите играчи во својот тим

Објавено

на

Шкендија внесе голема драма во завршницата од сезоната и се најде во ситуација сама да решава за титулата, но поразот на домашен терен од Струга на крајот ги остави тетовци без посакуваниот трофеј.

Болниот пораз остави трага врз дел од играчите и веднаш стана јасно дека дел од нив нема да ги гледаме во црвено-црниот дрес наредната сезона, а еден од оние кои први си заминуваат е Алмир Аганспахиќ.

Напаѓачот од Босна и Херцеговина пристигна како засилување за да се освои титулата, но откако не се исполни тоа, двете страни предвреме го раскинаа договорот.

Иако беше еден од најдобрите со 12 постигнати гола, Аганспахиќ очигледно пред себе има нов важен предизвика во кариерата, па така нема да ја доработи втората година од договорот.

– Шкендија му се заблагодарува на Алмир Аганспахиќ за неговиот придонес додека беше во нашиот тим, и му посакуваме здравје и континуиран успех во понатамошната кариера, – се вели во објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни