Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се „распука“ и ја наполни мрежата на „лавовите“, Струга славеше во дербито

Објавено

на

Фудбалерите на Шкендија дојдоа до првата победа во натпреварувачката 2021/2022 во Првата македонска фудбалска лига.

Клубот од Тетово мораше да чека четири кола за да се израдува, а за тоа настрада Македонија Ѓорче Петров која под Шар Планина настрада со 4-0.

Ибраими погоди во раната фаза на првото полувреме за да овој резултат биде активен се до самиот финиш во кој Дориев (2) и Елези стрелаа за големо славје, првенче на тренерот Бруно Акраповиќ во вториот мандат на клупата на „црвено-црните“.

Супет возбудливо и ефикасно беше во Струга каде истоимената екипата беше подобра од Шкупи со 4-2. Босанчиќ беше автор на хет-трик за домаќините, плус гол даде и Бојку. На другата страна прецизни беа Исмаили и Трапановски.

На останатите дуели Работнички во Скопје беше подобар од Тиквеш со 2-1 благодарение на братското дуо Станковски, Борец и Брегалница ремизираа во Велес (1-1), додека Јашароски го израдува Скопје во мечот со Пелистер (1-0).

Ова 4. коло ќе се затвори вечерва од 20 часот со средбата Академија Пандев-Ренова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни