Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се пофали: Бразилецот Менсалао е ново големо зимско засилување

Објавено

на

Шкендија вчера го потврди ангажманот на Михаил Маневски, а неполни 24 часа подоцна, излезе со соопштение за уште една позитивна вест како подготовка за вториот дел од сезоната.

Актуелниот првак потфрли во есенскиот дел од шампионатото и напролет ќе стартува со осум бодови негатива во однос на лидерот Шкупи, но тетовските „црвено-црни“ со активностите на трансфер пазарот најавуваат дека нема лесно да се откажат од битката за титулата.

Шкендија преку официјалното соопштение и откри на јавноста дека постигнала договор со Бразилецот Андре Менсалао кој ставил потпис на 18-месечна соработка, период во кој негова главна задача ќе биде да го засили средниот ред и офанзивните линии.

Менсалао игра на позицијата централен играч за врска, но може да одговори и како крилен напаѓач во формацијата на новиот тим.

– Среќен сум што сум во Тетово и што официјално сум дел од Шкендија. Во Тетово се чувствувам добро, тука сум веќе неколку дена и веќе почнав да се навикнувам на овој град. Македонија е земја во која го имам мојот втор фудбалски ангажман во Европа, откако во 2021 година бев дел од ерменскиот шампионат каде имав успешен настап. Во текот на кариерата играв во Бразил, а доаѓањето во Шкендија е нов предизвик за мене да ги покажам сите мои квалитети, – вели новото засилување на Шкендија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни