Македонија
Шкендија се избори за триумф на жешкиот терен во Велес

Лидерот во домашниот фудбалски шампионат Шкендија со победа и три бода се враќа од денешното гостување во Велес кај Борец во рамките на 15. коло.
Составот од Тетово се избори за славје од 2-0 со тоа што треба да се напомене дека домаќините се прикажаа во добро светло, се бореа максимално и ако беа пофокусирани во завршницата на акциите ќе можеа да дојдат и до позитивен резултат.
„Црвено-црните“ поведоа во 25 минута преку голот на Ибраими од пенал, потоа во вториот дел имаше спорни моменти на двете страни за да во 84 минута Дориев го постави конечниот резултат.
Ова за Шкендија е 9 победа и сега има 33 бода на своето салдо или пет повеќе од најблискот конкурент Шкупи кој се соочува со Пелистер во Битола.
Борец е на четвртото место, но таа позиција може да ја загуби во зависност од утрешните средби во ПМФЛ.
-
Балкан21 час
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
Балкан23 часа
Минутата молк на „Маракана“ ги вклучи и трагично настраданите во Кочани, српскиот коментатор се расплака (Видео)
-
Лига на нации21 час
Арда го замолкуваше Собослаи, па ја потврди доминацијата на Турција (Видео)
-
Свет24 часа
Маестро Андреа во акција: Пирло со мајсторски гол потсети на своите најдобри времиња (ВИДЕО)
-
Лига на нации9 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации22 часа
Катастрофалната грешка на Австријците ја најави победата на Србија во Белград (Видео)
-
АТП19 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)