Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија рутински се справи со Кит Го, во осминафиналето се пласираа и Шкупи и Борец

Објавено

на

По воведните Куп пресметките кои се одиграа минатата седмица, ова попладне дознавме уште три патници во осминафиналето на најмасовното натпреварување во нашата земја, откако фаворизираните тимови ја оправдаа ваквата улога на теренот.

Шкендија без голема мака го победи Кит Го во Штип со 0:2 и ја изрази својата доминација уште од самиот старт на мечот, а почетниот гол на Шала во првиот дел беше најава за лесен тест за тетовските „црвено-црни“.

Гостите пропуштија неколку изгледни шанси за доста поубедливо водство, но во самата завршница од мечот, конечно стигна и вториот погодок, оној со кој беше запечатен победникот. Напаѓачот Дориев стрелаше за 0:2 во втората минута од судиското продолжение и го чекираше осминафиналниот билет за Шкендија.

На останатите два натпервари кои се играа денеска во истиот термни (15:00 часот), Борец со убедливи 1:4 славеше над Њу Старс, додека на Шкупи доволен му беше минималец во Струга.

Велешта изминатиов викенд го победи Вардар со пресврт во Втората лига, но денеска загуби од Шкупи и ги заврши своите настапи во Купот. Стрелец на единствениот гол беше Марко Ѓоргиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни