Поврзете се со нас

Лига Европа

Шкендија, Ренова и Шкупи ги дознаа потенцијалните противници во Лига Европа пред ждрепката

Објавено

на

Откако ова попладне стана познато дека Силекс ќе има исклучително тешка задача во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите против азербејџански Карабах, вечерва останатите македонски евро претставници го дознаа скратениот список на потенцијални противници.

Во пресрет на утрешната ждрепка во Лига Европа, македонските тимови Шкендија, Ренова и Шкупи ги дознаа можните противници во нивните воведни квалификациски рунди, со напомена дека само тетовските „црвено-црни“ се носители од нашите клубови.

Шкендија може да вкрсти со четири ривали на утрешната ждрепка, а тоа се Ноа од Ерменија, Сумгајт од Азербејџан, Петрокуб од Молдавија и Локомотив Тбилиси од Грузија.

Вториот тетовски тим, Ренова ќе има далеку потешка задача, бидејќи влезе во потесен круг како противник на Макаби Хаифа од Израел, Аполон од Кипар, и Алашкерт од Ерменија.

Последниот македонски претставник, Шкупи има големи шанси да добие азербејџански противник, бидејќи два од трите потенцијални ривали се од оваа земја. Покрај Нефчи Баку и Кешла, Шкупи може да се соочи и со Хапоел Бер Шева од Израел.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни