Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија остана без еден од најважните играчи: Алими има коронавирус, нема да игра во ЛЕ

Објавено

на

Екипата на Шкендија во четврток ќе го има својот прв меч за оваа сезона на европската сцена и тоа против Сумгајит во квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа.

„Црвено-црните“ гостуваат во Азербејџан, а лоша вест е што нема да можат да сметаат на еден од најдобрите и најважните играчи Арменд Алими. Поранешниот македонски репрезентативец имал позитивен тест на КОВИД-19 и поради ова ќе ја пропушти пресметката која за два дена се игра со почеток од 18 часот.

Алими е асимптоматичен, се наоѓа во добра здравствена состојба и во наредниот период ќе остане изолиран во својот дом.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни