Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија од пенал го освои Ѓорче, прва сезонска победа за Ренова

Објавено

на

Екипите на Шкендија и Ренова забележаа победи на двете денешни средби од третата рунда во најсилната конкуренција во домашниот фудбалски шампионат.

Фудбалерите на Шкендија се изборија за славје во Ѓорче против Македонија и тоа со погодокот од пенал на Ибраими во самата завршница од средбата. Домаќините долго време беа дисциплинирани и им одолеваа на на нападите на гостите, но во 86 минута нововлезениот Ес Сахал беше фаулиран во казнениот простор по што Ибраими беше прецизен за водство и воедно победа од 1-0.

Ова за клубот од Тетово беше втора сезонска победа и заедно со Шкупи е на самиот врв на табелата со по седум бодови.

Ренова пак беше подобра од Академија Пандев со 2-0. За „гипсарите“ ова беше победнично сефте во новата кампања, а истото го донесоа Селмани и Јашароски.

Да посетиме вчера Шкупи како гостин ја надигра Беласица со 2-0, додека утре колото се затвара со пресметките Вардар-Силекс, Струга-Борец и Пелистер-Работнички.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни