Шкендија никако да победи, Шкупи и Ренова одиграа возбудлив меч во Скопје

skendija-makedonija-gp

Шкендија воопшто не делува шампионски на стартот на новата сезона во Првата македонска лига, барем не ако се суди по првите три одиграни кола во кои тетовските „црвено-црни“ не остварија ниту една победа.

По двата стартни порази од Академија Пандев и Силекс, денеска се очекуваше Шкендија да освои три бода против Македонија Ѓорче Петров, но на крајот мораше да се задоволи со реми и со освоен прв бод во новата натперварувачка сезона. Всушност, гостите го отворија резултатот и поведоа со погодокот на Еруардо Паду во 38-та минута, но Егзон Бејтулаи експресно одговори и по три минути игра беше 1:1.

Со овој резултат се замина на полувремето, но на крајот се покажа и како конечен бидејќи не видовме ниту еден погодок во второто полувреме. На останатите натпревари, Ренова ремизираше со Шкупи на гостувањето со 2:2, Академија Пандев лесно го победи Борец со 2:0, а Струга Трим и Лум победи против Силекс со 2:1.

Вчера, во градското дерби во Скопје, Вардар беше подобар од Работнички со 2:0.

Facebook Коментари