Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија неочекувано се раздели со Красниќи

Објавено

на

Foto:facebook.com/fcshkendija

Шкендија ја стартуваше новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига и има амбиции да се бори за трофејот, но клубот од Тетово ова утро неочекувано информираше дека дошло до принудна разделба со Ендрит Красниќи.

Македонскиот вицешампион најверојатно ќе бара замена за Красниќи во завршницата од летниот преоден рок, откако самиот играч побарал раскин на договорот поради неодложни семејни проблеми.

Шкендија како клуб со големи вредности, брзо објави дека експресно му била исполнета желбата на фудбалерот, кој сега ќе може да се врати во Косово и да биде блиску до семејството.

– Шкендија покажа разбирање и чувство, секогаш ставајќи ја благосостојбата на играчите во преден план. Одлуката да му се овозможи на Ендрит во обидот да биде поблиску до семејството е доказ за високите вредности кои ги застапува нашиот клуб, – се вели во дел од соопштението на клубот од Тетово.

Шкендија новата сезона ја почна со две победи и едно реми, па заедно со Гостивар и Работнички е една од трите непоразени екипи на стартот во Првата лига.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни