Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шкендија настрада во Мурска Собота и се збогуваше од квалификациите во ЛШ

Објавено

на

Шкендија експресно брзо ги заврши квалификациите во Лигата на шампионите, откако оваа вечер настрада на гостувањето на стадионот во Мурска Собота, една седмица по одличното издание во Скопје.

Македонскиот првак одигра одлично пред седум дена и имаше повеќе од играта во мечот во кој несреќно загуби со 0:1, но затоа денеска не беше на нивото на задачата и прими пет гола од словенечкиот тим.

Мура ја покажа својата класа на домашен терен и славеше со преубедливи 5:0, резултат во кој има влијание и тоа што Шкендија остана без еден фудбалер на теренот во раната фаза.

Лука Бобичанец стрелаше во Скопје, а и вечерва го отвори резултатот во 25-та минута по неколкуте лоши реализации на играчите на Шкендија во првата фаза од натпреварот. Непосредно по првиот гол, Кривак заработи црвен картон, а пред крајот на првиот дел, Мура зголеми на 2:0 преку Бобичанец.

Тоа беше јасен знак дека Мура ќе оди во наредното квалификациско коло, нешто што беше потврдено во второто полувреме во кое македонскиот претставник прими уште три гола. Клепац постигна два гола, а Кус еден во вторите 45 минути по кои Шкендија сега се сели во квалификациите за Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни