Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Шкендија на двомеч со Мура во квалификациите за Лигата на шампиони

Објавено

на

Македонскиот првак Шкендија го дозна противникот за првото квалификациско коло за Лигата на шампионите, а тоа е словенечкиот тим Мура.

Тетовци најмногу го посакуваа велшки Конах од четирите екипи кои беа можни противници, но сега ќе мора да одиграат два натпревара против Мура.

Првиот натпревар Шкендија ќе го игра како домаќин на 6 или 7 јули, додека реваншите се закажани за 13 и 14 јули.

Подобриот тим ќе очекува квалитетен противник во второто коло кој ќе биде одреден со ждрепка веќе утре, додека елиминираната екипа ќе се пласира во новата Конференциска лига на УЕФА.

Во останатите парови од групата во која беше Шкендија, ХЈК Хелсинки го доби Будуќност, Конах ќе игра против Алашкерт, додека Клуж ќе игра два натпревара со Борац Бања Лука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни