Шкендија на двапати го неутрализираше Вардар во фудбалскиот спектакл во Скопје

vardar-skendija

Вардар и Шкендија понудија фантастична фудбалска претстава на „Тодор Проески“, а истата беше збогатена со најголема постеност и спектакуларна атмосфера на трибините која ја приредија „Комити“, „Војводи“ и „Лојал Фанс“.

„Комити“ и „Војводи“ прославуваа 10-годишнина од братството, додека „Лојал Фанс“ прославија 20 години од постоењето на натпреварот кој ги задоволи сите фудбалски сладокусци. Вардар на двапати водеше и се чинеше дека е тимот кој повеќе ја сака победата, но сепак гостите од Тетово на двапати се вратија, а во самиот финиш беа и поопасен тим кој беше поблиску до трет гол.

Резултатот го отвори Мицевски од пенал во 29-та минута, но водството на домаќините траеше само 6 минути по одличната комбинација на гостите и погодокот на Омар Имери. Со овој резултат се замина на паузата, а во вториот дел видовме уште два гола, по еден во секоја мрежа. Вардар повторно дојде до предност по одличната контра и реализацијата на Адем, но радоста повторно траеше кратко, бидејќи Имери со својот втор гол израмни на 2:2. Во последните 10 минути, Шкендија беше поконкретна и својата најзрела шанса ја пропушти преку Радески, а со нерешениот исход, далеку позадоволен е Вардар кој го завери епитетот есенски шампион со осум бода предност во однос на главниот ривал.

На останатите натпревари од последното коло во првиот дел од сезоната, Ренова го победи Работнички со 4:3, Македонија славеше над Шкупи со 2:3, а Струга и Борец одиграа 1:1.

Facebook Коментари