Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија ќе почека за потврда на титулата, возбудливо реми на скопската битка за пласман во Европа

Објавено

на

Составот на Шкендија го потврди фаворитскиот статус и славеше над Беласица со 3-0, резултат кој и овозможува веќе наредното коло може  да ја потврди шамионската титула во првата македонска лига.

„Црвено-црните“ беа доминатни во Струмица против фенерџијата во шампинатот и со погодоците на Хабај (2) и Нафиу дојдоа до 19 славје во 28 натпревар.

Највозбудливо беше во Скопје каде градските ривали Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа реми со четири погодоци. Сите голови паднаа во првиот дел, браќата Станковски стрелаа за „романтичарите“, додека на спротивната страна прецизни беа Бразилците Да Силва и Фернандо.

Овој резултат го искористи Струга која со 3-0 го доби Пелистер и сега има 44 бода, четири помалку од Македонија и три повеќе од Пелистер што значи не очекува пеколна битка за местата кои водат во Европа.

На останатите дуели Шкупи на дебито на Седлоски триумфираше во Борец над Велес (1-0), а пак Академија Пандев му нанесе уште еден удар на Вардар (3-0).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни