Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија ја потврди фаворитската улога против Вардар, Радески ја врати Струга на победнички патеки

Објавено

на

Екипите на Шкендија и Струга остварија победи во последните два натпревари од 10. коло во Првата македонска лига.

Шкендија како гостин беше подобар од Вардар со 2-0 на средбата која се одигра стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Лидерот на табелата го скрши отпорот на домаќинот во второто полувреме и тоа со атрактивниот гол на Максимов во 58 минута.

Овој резултат беше активен до судиското продолжение во кое Аганспахиќ ги потврди трите бода за „црвено-црните“ од Тетово.

Бранителот на пехарот, Струга Трим Љум бараше победа против Силекс по двата порази од Шкендија и Шкупи. Актуелниот првак ја оствари зацртната цел и избори славје од 2-0 со погодоците на повремениот македонски репрезентативец Радески.

Вчера да потсетиме Тиквеш и Шкупи ремизираа играјќи 1-1, Брегалница и Воска Спорт беа подобри од Работнички и Македонија Ѓорче Петров со 2-1, додека АП Брера загуби од Гостивар со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни