Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шкендија и Тиквеш ги знаат потенцијалите ривали за првото коло во Конференциската лига

Објавено

на

Екипите на Шкендија и Тиквеш ќе бидат македонски преставници во Конференциската лига на УЕФА во натпреварувачката 2024/2025, натпреварување за кое веќе ги знаат потенцијалните ривали за првото квалификациско коло.

„Црвено-црните“ од Тетово ќе ја имаат улогата на носител во оваа фаза и би требало да добијат полесен противник барем на хартија, додека пак актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Тиквеш е на другата страна, поточно е во групата на  неносители што значи дека ќе има посериозен предизвик, тест кој ќе треба да го мине за да се пласира во наредната фаза.

Ждрепката ќе се одржи во месец јуни, додека пак во јули ќе се играат средбите од првата рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни