Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија и Шкупи ги поделија бодовите во одложеното дерби под Шара

Објавено

на

Фото: КФ Шкендија

Со големото дерби меѓу Шкендија и Шкупи беше ставено крај на шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, а како што се очекуваше, пресметката под Шара започна со едноминутно задоцнување поради минутата молк во чест на настраданите во модуларната Ковид болница во Тетово.

Поради големата трагедија и тридневната жалост, големото фудбалско дерби беше одложено за денеска, но иако истото донесе возбудувања пред двата гола, сепак заврши без постигнат погодок.

Реализаторите потфрлија во обидите да ги совладаат Захов и Наумовски, со тоа што гостинскиот голман имаше многу повеќе работа и беше клучен за бодот кој го освои гостинот од Скопје.

Шкендија имаше повеќе од играта и теренска иницијатива, но актуелниот шампион не успеа да го скрши отпорот и на крајот двата тима се задоволија со поделба на бодовите.

Со ова сценарио, Шкупи не се врати на врвот на табелата и прва сега е Академија Пандев, додека Шкендија е седма со седум освоени бодови, четири помалку од денешниот ривал, односно шест од првопласираните „пандевци“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни