Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија и Македонија ЃП одиграа без победник во Тетово

Објавено

на

Шкендија и Македонија Ѓорче Петров одиграа без победник 1-1 на денешниот пријателски меч што се одигра во Тетово.

Ова беше дуел кој беше особено интересен во првиот дел во кој паднаа двата голови, а беше промашен и пенал. Имено ветеранот Божиновски во 22 минута доби шанса ода 11 метри да им донесе водство на гостите, но неговата намера ја прочита голманот Захов.

Домаќините го казнија ова промашување во 35 минута кога Кривак скокна највисоко во шестнаесетникт и со глава ја смести топката за водство од 1-0. „Лавовите“ одговорија на предизвикот, па во 43 преку голот на Петров израмнија на 1-1.

Во вториот дел Шкендија притискаше, ама тоа не беше доволно за да се избори за славје на овој меч.

Ова за избраниците на Ѓока беше втор тест на подготовките, првиот го добија против Гостивар со 1-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни