Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија го реши Скопје и му се „залепи“ на шампионот Шкупи

Објавено

на

Фудбалерите на Шкендија ја потврдија улогата на фаворити и остварија победа над Скопје од 2-0 во последната средба од 24. коло во Првата македонска лига.

Клубот од Тетово имаше јасно поставена цел на средбата во Автокоманда, цел која ја оствари и сега е на само еден бод од второпласираниот Шкупи. Стрелци на погодоците за „црвено-црните“ беа Шаља во првото и Чинари во второто полувреме.

По 24. коло Струга останува прва со 46 бода по што следуваат Шкупи (42) и Шкендија (41), три екипи за кои се очекува да водат жестока битка за пехарот до крајот на шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни