Македонија
Шкендија го комплетираше „бомбастичното“ засилување од Струмица (Фото)

Шкендија го испрати Марјан Радески во Струмица пред два дена, но за возврат го „зграби“ најдобриот играч на Академија Пандев во изминатата натпреварувачка сезона, фантастичниот офанзивен фудбалер, Љупчо Дориев.
Дваесет и четиригодишниот Дориев е повремен македонски репрезентативец и пристигнува во Тетово како огромно засилување за новата натпреварувачка сезона, па откако клубот потврди дека фудбалерот потпишал тригодишен договор, пристигна првата изјава по комплетирањето на трансферот.
– Првпат во кариерата правам ваков голем чекор и ќе играм надвор од Струмица. Според мене, Шкендија е најдобриот клуб во Македонија во овој момент.
– Потписот за мене е голем чекор напред во кариерата и во животот. Дојдов да освојувам трофеи во Македонија и да уживам во успеси во Европа, – изјави Дориев за официјалната страна на клубот.
Љупчо Дориев ја започна кариерата во Хоризонт Турново, воодушеви со своите партии во Академија Пандев каде беше и еден од капитените, а иако не се објавуваат деталите, преминот во Шкендија претставува еден од најголемите трансфери во историјат на македонскиот фудбал кога е во прашање финансиската гледна точка.
-
Англијапред 12 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 22 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 21 час
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Македонијапред 9 часа
Давидовски по триумфот во ТЦР Европа: Знаев дека победата е на дофат!
-
Италијапред 9 часа
Ибрахимовиќ во елемент: Излезе да слави титула со пура и шампањ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 18 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 17 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!