Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија го доби трилерот со осум голови во Скопје, Вардар остана со празни раце во Велес

Објавено

на

Работнички и Шкендија го одиграа најлудиот натпревар во 30. коло во Првата македонска фудбалска лига, средба на која паднаа дури осум погодоци, а победник беше тимот од Тетово кој славеше со 5-3.

Двата клуба беа во позиција да водат на оваа средба, но на крајот новиот македонски шампион беше тој шт направи повеќе на националната арена „Тодор Проески“ со што само ја продолжи низата на позитивни резултати во шампионатот.

Mарио Станковски, Ѓурѓевиќ и Јевтоски беа автори на погодоците за „романтичарите“, додека на спротивната страна погодија Вандерсон Да Силва, Хебај, Нафиу, Алими и Ибраими.

Во Велес пак Вардар ја загуби директната битка со Велес за опстанок во ПМФЛ. Домаќините беа поконретни, ги искорстија шансите преку Мишов и Адили за триумф од 2-0 кој во мометов ги донесе на 7 позиција на табелата.

На останатите средби Струга и Шкупи одиграа реми без голови, бодовите исто ги поделија Академија Пандев и Ренова (1-1), Силекс пак очекувано ја доби Беласица (3-1), додека Македонија ЃП го среди Пелистер со 3-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни