Шкендија го доби противникот за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите

skendija

Екипата на Шкендија помина лесно по ждрепката за првото квалификациско коло од Лигата на шампионите по која за противник ја доби екипата на Њу Сеинтс од Велс.

Тетовскиот клуб можеше да добие многу понеповолни противници како Видеотон, АПОЕЛ, Карабак и Шериф, но на крајот имаа среќа и може да се каже дека ова е идеална ждрепка за нив.

Првите натпревари се закажани за 10. и 11. јули додека реванш средбите на програмата ќе бидат една недела подоцна.

Facebook Коментари