Шкендија го доби противникот во следната рунда од квалификациите за ЛШ

skendija slavje

Македонскиот фудбалски шампион Шкендија успеа да обезбеди пласман во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите, а вечерва го дозна и противникот за оваа рунда.

Тоа ќе биде молдавскиот првак, Шериф Тираспол, екипата која славеше со убедливи 3:0 на реваншот против Торпедо Кутаиси и на тој начин го завери местото во следното коло. Шериф го реши двомечот за 55. минути откако Жо Сантош постигнал два, а Бадибанга еден погок за водство од 3:0 кое беше потврдено и како конечен резултат (првиот натпревар заврши со победа на Торпедо од 2:1).

Според ждрепката, Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар на 24 или 25 јули, а реваншот ќе се игра во Тираспол една недела подоцна.

Facebook Коментари