Македонија
Шкендија го доби дербито, Работнички им се врати на победите во ПМФЛ

Фудбалерите на Шкендија ја продолжија позитивната серија и се зацврстија на првото место на табелата по денешната победа во дербито со Силекс (4:2).
Денеска е комплетирана новата рунда во Првата македонска фудбалска лига со пет натпревари, а дуелот во Тетово очекувано привлече најмногу внимание, за на крајот да донесе победа за домашниот состав.
Силекс рано успеа да поведе, но не и да ја задржи предноста, Шкендија стигна до 3:1, а во финишот одговори на вториот гол на кратовци со својот четврти, кој беше доволен да се потврди важниот триумф.
Работнички по поразот претходното коло, денеска ја совлада Воска Спорт со минимални 1:0. Голот на Рушевиќ беше доволен за славје на „романтичарите“ и актуелно второ место на табелата.
Беса и Гостивар одиграа без голови, додека како гости славеа Шкупи и Пелистер и тоа на дуелите со АП Брера и Тиквеш.
Шкендија-Силекс 4:2
Работнички-Воска Спорт 1:0
АП Брера-Шкупи 1:2
Тиквеш-Пелистер 1:2
Беса-Гостивар 0:0
Табела: Шкендија 43, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс 38
-
Англија24 часа
Вистинска „чистка“ на „Олд Трафорд“: Десет играчи ќе го напуштат Јунајтед на лето
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија15 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Свет15 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија14 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Шпанија13 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини