Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија ги освои бодовите против Вардар, Силекс само до бод против Тиквеш

Објавено

на

Фото: https://www.facebook.com/fcshkendija/

Три гола беа постигнати на дербито меѓу Вардар и Шкендија во Скопје, а на крајот гостите од Тетово стигнаа до посакувана победа (1:2) и избија самостојно на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Ибраими донесе водство за Шкендија, Закариќ израмни од повторениот пенал за домаќините, додека резервистот Тамба ги постави конечните 1:2 со погодок во 76. минута од средбата.

Со оглед на фактот што Силекс не успеа да го победи Тиквеш (1:1), Шкендија со денешната победа се издвои на врвот и со предност од два бода ќе го дочека дербито со кратовци.

Шкупи го победи Работнички со 2:0, а Гостивар на драматичен начин, со пенал во судиското надополнување славеше над Струга (1:0).

Пелистер и Брера Струмица одиграа без голови, додека на дербито на дното, Воска славеше над Беса со 2:0.

Гостивар – Струга 1:0
Пелистер – Брера Струмица 0:0
Шкупи – Работнички 2:0
Силекс – Тиквеш 1:1
Вардар – Шкендија 1:2
Воска Спорт – Беса 2:0

Табела: Шкендија 40, Силекс 38, Гостивар 38, Работнички 37

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни