Поврзете се со нас

Репрезентација

Шкендија доведе дефанзивец од Албанија

Објавено

на

Екипата на Шкендија направи промени во играчкиот кадар и тоа на позицијата десен бек.

Имено клубот од Тетово ја информираше јавноста дека Башким Велија нема повеќе да биде дел од нивниот тим, но експресно беше потврдена неговата замена во името на Александер Трумчи.

Се работи за 23-годишен играч кој во „црвено-црните“ доаѓа од Билиш од Албанија. Се работи за шест месечна позајмица со право на откуп во јануари кога воедно се очекува Трумчи да потпише 2,5 годишен договор.

Само за потсетување Шкендија ова лето ќе биде еден од нашите преставници во Конференциската лига на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни