Поврзете се со нас

Конференциска лига

Шкендија долго одолеваше, но со два гола негатива се враќа од Ерменија

Објавено

на

Foto:facebook.com/noah.footballclub

По вчерашниот пораз на Струга на гостувањето во Братислава, со непосакуван резултат својата европска авантура ја стартуваше и Шкендија, која денеска во финишот остана без планирано реми на гостувањето во Ерменија.

За разлика од Струга која одигра максимално храбро против Слован во меч со шест гола, тетовските „црвено-црни“ се предодредија да ги бранат почетните 0:0 против Ноах, па иако одлично им одеше, на крајот се враќаат со два гола во својата мрежа.

Ерменскиот тим беше подобар во текот на целиот меч и беше единствениот кој се обидуваше да постигне гол, а награда за таквата поставеност доби во завршните десет минути.

Ноах поведе во 81-та минута со голот на Грегорио, а за да биде уште полошо, Пабло во самата завршница по вторпат го совлада Талески за 2:0 и крај на натпреварот.

Шкендија со негатива од два гола се враќа дома, па така сега ќе мора да брка голем пресврт за да не избегне елиминација во раната квалификациска фаза во Конференциската лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни